Connect with us

Регион

Прва седница на Советот за семејство и демографија на Србија: Младите да останат во државата

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут денеска изјави дека изработката на Нацрт-стратегијата за демографски развој на државата за периодот од 2026 до 2036 година, со проекции до 2050 година, е стратешки одговор на долгорочните демографски предизвици и основа за системско и одржливо планирање на јавните политики во областа на семејството и демографијата.

Стратегијата игра клучна улога во дефинирањето јасни цели и мерки насочени кон зајакнување на семејството, поддршка на родителството и подобрување на демографскиот развој, соопшти владата на Србија.

На првата седница на Советот за семејство и демографија, Мацут рече дека едно од главните прашања е создавање услови младите луѓе да останат во државата и да основаат семејства.

Премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут, денеска претседаваше со првата седница на Советот за семејство и демографија и според него, тоа е институционален и меѓусекторски одговор на Владата на негативните демографски трендови со кои се соочува нашата земја.

Премиерот на Србија изјави дека стратегијата игра клучна улога во дефинирањето на јасни цели и мерки насочени кон зајакнување на семејството, поддршка на родителството и подобрување на демографскиот развој, додавајќи дека едно од главните прашања е создавање услови младите луѓе да останат во земјата и таму да основаат семејства.

Зборувајќи за демографскиот и правниот контекст на развивање нови политики во оваа област, министерката за семејна грижа и демографија Јелена Жариќ Ковачевиќ изјави дека, според пописот на населението од 2022 година, кој не ја опфатил територијата на Косово, Србија има приближно 6,6 милиони жители и дека 75 проценти од населението живее во градовите.

Таа рече дека бројот на жители во периодот помеѓу двата пописи, од 2011 до 2022 година, се намалил за приближно 586.000, или 8,1 процент.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2