Општини
Општина Битола за дочек на Нова година без огномет
Општина Битола одлучи утревчер за време на прославата и дочекот на Нова година да нема огномет.
Од Општина Битола информираа дека градот се приклучува кон другите општини кои исто така одлучиле на прославите за дочекот на новата година на локалните плоштади да нема огномети.
Организираниот дочек на новата 2026 година во Битола ќе се одржи на платото од Офицерски дом, каде од 20 часот ќе има музичка програма во која ќе настапат фолк пејачот Борче Наумовски, за публиката ќе има „Кабаре за раѓањето и вечноста“, како и концерти на групите „Баркод бенд“ и „Нокаут“.
декември 30, 2025


