Connect with us

Скопје

Новогодишен базар во Чаир

На Плоштадот „Скендербег“ во Скопје синоќа започна Новогодишниот базар во Чаир, означувајќи го почетокот на празничната програма со голем интерес од граѓаните. И покрај студеното време, плоштадот беше исполнет со посетители кои уживаа во празничната декорација, штандовите и музичката програма, информираат од локалната самоуправа.

Како што посочуваат од Општина Чаир, вечерта беше збогатена со музика од DJ Едмир, создавајќи пријатна атмосфера за сите генерации.

Новогодишниот базар продолжува уште три вечери. Денеска од 18:00 часот ќе се реализира посебна програма за деца со маскоти и празнични активности, а од 19:00 до 21:00 часот ќе продолжи музичката програма со DJ Едмир

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4