Connect with us

Скопје

Канал 103 со целодневна програмска посвета по повод 81 година од основањето на Македонското радио

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Првите зборови прозвучија во етерот на 28 декември, 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ. По тој повод, Канал 103 денеска ќе реализира целодневна програмска посвета со наслов „Зборуе Радио Скопје“.

-Отворената програма ќе ја поврзе радио архивата со современите, експериментални пракси и новите генерации автори, со посебен акцент на разновидноста на гласови и формати. Свои настапи во живо ќе имаат Член 16, alone in a crowded room и Александар Ордев. Во соработка со Радио МОФ и Моно-тон ќе биде направен пресек на македонските музички изданија објавени во 2025 година, информираат од Канал 103.

Програмата, како што посочуваат, започнува во 13 часот и ќе трае до полноќ и ќе се емитува и на Cashmere Radio (Берлин), во рамки на тековната соработка меѓу двете партнерски радија, како и на ФИЈУК саемот на независно издаваштво.

Програмата може да се следи преку: www.kanal103.com.mk и www.cashmereradio.com

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4