Connect with us

Општини

Дедомразовска трка во Кавадарци

Дедомразовска трка се реализираше денеска во центарот на Кавадарци во рамките на предновогодишната програма што ја спроведува локалната самоуправа. 

– Програмата содржи бројни активности за сите генерации. Започнавме кон средината на месецот со гурмански викенд во дворот на Вински музеј, сместен во градскиот парк, еден од најубавите во државата. На агендата, на градскиот плоштад имавме и новогодишен базар, базар на храна и вино, време за колачи, топол чај и греано вино, новогодишно возење со возот  Гроздоберко, новогодишна работилница, забава со спектакуларни маскоти и многу други активности, потсетија од општината. 

Вчера имаше натпревар за најбрзо накитена елка и новогодишна детска претстава „Елза и Дедо Мраз“, а во наредните денови се закажани настапи на хор и хуманитарна продажба на новогодишни дела.

Во среда, ќе има организиран дочек на Нова Година.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4