Connect with us

Општини

Основниот буџет на Општина Штип за 2026 година над една милјарда денари

Буџетот на Општина Штип за 2026 година е проектиран на над две милјарди денари, од кои над една милјарда денари се средства во основниот буџет на општината, истакна денеска градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Тој најави дека буџетот за 2026 година ќе биде донесен на седница на Советот на Општината во понеделник.

– Тенденција на општината е да го зголемува буџетот, а со тоа да се зголемуваат и капиталните инвестиции. Јас сум оптимист и задоволен, како е планиран Буџетот за 2026 година, изјави Јорданов.

Наредната 2026 година се очекува поголема реализација на проекти, меѓу кои новата обиколницата, продолжување на булеварот „Гоце Делчев“, реставрација на тврдината Исар, изградба на паркот „Иднина“, имплементација на СКАДА системот и други инфраструктурни проекти.

Јорданов вели дека градежни активности ќе има во сите населби и села на територија на Општина Штип. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4