Connect with us

Политика

Јаревски: Парламентарното мнозинство ќе ја поддржи Владата за набавка на пет електрични локомотиви

Инвестиција во инфраструктурата е стратешка инвестиција во иднината, во долгорочниот економски развој, инвестиција кон зголемен животен стандард за секој граѓанин. Со гордост сакам да ви соопштам дека парламентарното мнозинство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поддржи Владата во исполнувањето на овие цели, конечно по 10 години, Македонија да добие 5 нови електрични локомотиви, се наведува во соопштението од изјавата за медиуми на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, што МИА ја пренесува интегрално.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Оваа капитална инвестиција ќе придонесе кон:

• побрз и поефикасен транспорт на стоки,

• намалување на трошоците за компаниите,

• подобра поврзаност со регионалните и европските пазари,

• и зголемена атрактивност на државата за домашни и странски инвеститори.

Ова е чекор кон создавање на нови работни места, стимлуирање на градежната и индустриската активност, зголемена продуктивност и конкурентност, поголема извозна способност, а со тоа и зголемени приходи како за стопанството, така и за државниот буџет.

Во изминатиот период, сведоци сме на јасна определба за модернизација на транспортната и економската инфраструктура, со фокус на железницата, патиштата, логистиката и енергетската ефикасност.

Нашата заложба како пратеници е јасна: да ги поддржиме проекти кои ќе донесат реална економска вредност, кои ја подобруваат конкурентноста на македонската економија и кои обезбедуваат подобар квалитет на живот за граѓаните – не само денес, туку и во годините што доаѓаат. Заеднички да изградиме посилна економија, посигурна држава и поодржлива иднина.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 3