Connect with us

Култура

Вечер на класична магија – концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу

Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, виртуозност и уметничка инспирација. Младиот и исклучително талентиран пијанист Арда Мустафаоглу вечер ќе одржи пијано концерт во Cevahir Mall Skopje.

-Публиката ќе биде поведена на музичко патување каде секој тон носи приказна, а пијаното станува глас на емоциите. Настапот ветува длабоко доживување на класичната музика, во кое тишината, прецизноста и чувството се спојуваат во уникатна уметничка целина, велат организаторите.

Од „Џевахир Мол“ ги поканија сите љубители на уметноста „да си дозволат момент на мир, инспирација и музика што се чувствува со срцето“.

Оваа вечер, пијаното ќе зборува, а емоциите ќе одекнуваат во просторот на „Џевахир мол“, нудејќи, како што велат, доживување што не се пропушта.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3