Фудбал
Муарем нов тренер на Работнички
Фудбалерите на Работнички во пролетниот дел од сезоната во домашното првенство ќе ги предводи Муарем Муарем, откако вечерва тој е назначен за нов тренер на скопскиот прволигаш.
Муарем доаѓа на клупата на Работнички за кој настапуваше како фудбалер на местото на Србинот Ален Тупајиќ, кому претходно оваа недела му беше врачен отказ.
Работнички го заврши првиот дел од сезоната на претпоследното на табелата во Првата македонска фудбалска лига со само седум бодови.
Муарем е четвртиот тренер на Работнички од почетокот на оваа сезона по Тупајиќ, Бојан Маркоски, Алпарслан Ердем и Бобан Бабунски.



