Connect with us

Култура

Промовирана збирка поезија за деца „Снежната убавица“ од Лила Арсова

Во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беше промовирана збирката поезија за деца „Снежната убавица“ од авторката Лила Арсова, илустрирана со слики во боја, книга која ја носи магијата на зимата, детската радост и топлината на празниците.

Авторката Лили Арсова на која оваа и е осма книга поезија за деца рече дека тематски песните се посветени на зимата, зимските радости и празници, додавајќи дека во детската литература недостасувале вакви наменски песни за ова годишно време, поради што и се одлучила збирката да биде токму зимска.

Таа потенцира дека „Снежната убавица“ е книга која ја слави зимата, но и топлината на детското срце.

Промотор на книгата проф. д-р Елизабета Бандиловска, која истакна дека делото има „убав метафоричен наслов, посветен на зимата“, а песните се поврзани со децата, волшепствата, радостите и зимските празници – Божиќ, Коледе и Нова година. Во нив, како што нагласи, иако зимата најчесто асоцира на студ и снег, „се среќава нешто што нè топли, што ни носи радост, љубов и светлина“.

-Песните се наменети за децата, но можат да ги допрат и возрасните. Во нив превејува белината – симбол на чистота, убавина и невиност, какви што се децата, порача Бандиловска.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5