Connect with us

Фудбал

Ливерпул ќе преговара со агентот на Салах за негова продажба

Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул е неизвесна. Фудбалерот во моментов е на АФКОН со репрезентацијата на Египет, но пред заминувањето имаше несогласување со менаџерот Арне Слот. Пред да замине на АФКОН, Салах се извинил на соиграчите.

Од таа причина спортскиот директор на клубот Марк Хјуз деновиве треба да има состанок со агентот на египетскиот репрезентативец.

Според англиските медиуми, Салах не се согласува да биде резерва и тоа дава до знаење дека можно е негово заминување од Ливерпул уште во текот на јануари односно по враќањето од Африканскиот куп на нации.

Постои и варијанта Салах да остане и до летниот преоден рок, а да замине во тој период. Како најчесто споменувана дестинација за трансфер се наведува Саудиска Арабија и екипите од таа држава. Заминувањето на Салах за првакот на Англија ќе значи и повеќе средства во буџетот бидејќи неделната плата изнесува 450 илјади фунти.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3