Општини
Ќе се гради нов спортски комплекс во Нова Битола
Општина Битола одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во Нова Битола. Според предложениот план, во Нова Битола ќе се градат нов спортски комплекс, детска градинка и старски дом, информираа од локалната самоуправа.
-На денешната јавна презентација граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со предлог-планот и активно да се вклучат со свои идеи, предлози и забелешки. Овој план претставува визија за модерен, функционален и хуман простор кој носи иднина за Нова Битола преку изградба на нов спортски комплекс, градинка, старски дом, плоштад и јавни содржини, посочија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.
Јавната анкета ќе се одвива до 16 јануари 2026 година, а заинтресираните може повеќе информации да добијат на интернет страницата на Општина Битола.
декември 25, 2025


