Забава
Џекпотот на „Пауербол“ достигна 1,7 милијарди долари
Џекпотот на американската лотарија „Пауербол“ (Powerball) достигна речиси 1,7 милијарди долари пред утрешното извлекување на Бадник, што го прави едно од најголемите извлекувања во историјата на САД. Тоа е четвртиот најголем џекпот во историјата на лотаријата.
Никој не ја погоди добитната комбинација на вчерашното извлекување, т.е. броевите 3, 18, 36, 41 и 54, како и црвеното топче 7. Сепак, девет добитни лозови низ целата земја освоија по милион долари.
Шансата за освојување на џекпотот е 1 : 292.200.000. Ако некој ја погоди добитната комбинација утре, може да освои 1,7 милијарди долари. Добивката може, по избор – да биде исплаќана во текот на 29 години, или може да се земат 781,3 милиони долари одеднаш – оданочена добивка.
Извлекувањето е закажано за утре вечер по американско време (oкoлу 5:00 часот наутро по македонско време).
Лотаријата „Пауербол“ се игра во 45 сојузни држави, главниот град Вашингтон, Порторико и Американските Девствени Острови. Најголемиот џекпот во историјата на лотаријата – од 2,04 милијарди долари беше извлечен на 7 ноември 2022 година. Добитник беше Едвин Кастро од Калифорнија, кому, откако се согласи да плати даноци на секупната добивка, му останаа нешто помалку од милијарда долари.
декември 25, 2025


