Connect with us

Фудбал

Исак неколку месеци ќе биде надвор од теренот

„Долго време ќе бидеме без Исак, неколку месеци“, најави денеска тренерот на Ливерпул, Арне Слот, одговарајќи на прашање на англиските новинари за сериозноста на повредата на шведскиот напаѓач.
На саботниот дуел меѓу Тотенхем и Ливерпул, фудбалерот на лондонскиот премиерлигаш Ван де Вен грубо стартуваше врз Исак, кој се здоби со фрактура на потколеницата. Напаѓачот на Ливерпул многу брзо беше опериран оваа недела и ќе биде надвор од фудбалот долго време.
„Ова е голем удар за самиот Исак, но и за сите нас во Ливерпул. Прекршокот на Ван де Вен беше исклучително опасен“, рече тренерот на Ливерпул.
Првично, клубот од Енфилд стравуваше дека предниот вкрстен лигамент можеби е оштетен, но за среќа на Швеѓанецот, беше избегната уште посериозна повреда.
Пред почетокот на тековната сезона, Исак му се приклучи на Ливерпул од Њукасл во трансфер вреден 150 милиони евра. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4