Култура
Актерката Ана Левајковиќ-Бошков одбележува 30 години актерска кариера
Актерката Ана Левајковиќ-Бошков денеска со настап во култната претстава „Црвенкапа“ на сцената на Театарот за деца и младинци ќе одбележи 30 години актерска кариера.
Вработена во Театарот за деца и младинци од 1995 година, Ана Левајковиќ-Бошков во својата богата професионална биографија има остварено 56 улоги во матичниот театар, оставајќи длабока и трајна трага во македонскиот детски театар. Нејзината уметничка патека е обележана со исклучителна посветеност, искреност и љубов кон сцената, вредности што ја направија препознатлива и сакана од генерации публика.
– Тоа не се само бројки на хартија, тоа е мојот живот“, изјави Ана во неодамнешното интервју за „Слободен печат“, опишувајќи ги трите децении на сцената како чест и благослов. За неа, играњето за деца значи „срце отворено како дланка“ и целосна предаденост на вистината бидејќи детската публика не бара совршенство, туку искреност.
Претставата „Црвенкапа“ годинава ја надмина бројката од 300 изведби.
декември 24, 2025


