Кошарка
Жоан Пенароја е промовиран како тренер на кошаркарскиот клуб Партизан
Жоан Пенароја е промовиран како нов тренер на кошаркарскиот клуб Партизан. Тој ќе го наследи легендарниот Жељко Обрадовиќ, кој поднесе оставка.
Пенароја доаѓа како слободен тренер откако претходно доби отказ во Барселона. Покрај „каталонскиот клуб“ тој беше тренер и во Бургос, каде имаше успех во ФИБА Лига на шампиони, како и во екипите од Евролигата Валенсија и Басконија.
Шпанскиот тренер беше пречекан од спортскиот директор на Партизан Жарко Паспаљ.
Инаку, во редовите на „црно-белите“ ќе има уште едно ново име – кошаркарот Камерон Пејн, кој пак има НБА искуство во екипите на Њујорк, Филаделфија и Феникс.
„Црно-белите“ под водство на новиот тренер првиот натпревар ќе го играат на 26.декември (петок) против Макаби во Белград.
декември 23, 2025


