Забава
Со џвакана храна за мажи без заби, до милионска сума пари
Инфлуенсерката Стефани Мато повторно го привлече вниманието на јавноста со необичен и контроверзен бизнис. Како што тврди самата, таа заработува и до 50.000 долари неделно продавајќи однапред џвакана храна на постари мажи кои немаат заби. Мато, која и претходно стана позната по необичните бизнис идеи, како продажба на „тегли со прдежи“ и „флаширан пот“, овој пат вели дека станува збор за сосема поинаков начин познат како „птичјо хранење“(„mama birding“).
Во видео објавено на Инстаграм, таа покажа како изгледа еден нејзин работен ден, објаснувајќи дека храната внимателно се пакува и се испраќа ладна, со декларација: да се чува на ладно.
Инфлуенсерката и претходно била во центар на внимание поради несекојдневни начини на заработка, од кои дел имале и негативно влијание врз нејзиното здравје.
Мислењето на јавноста е поделено. Некои сметаат дека ваквиот начин на заработка е добар, додека пак други се сомневаат во „уникатноста“ на бизнисот.
декември 23, 2025


