Connect with us

Фудбал

Реал лидер според заработката од телевизиски права

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е водечки клуб во Ла Лига според остварени приходи од телевизиските права минатата сезона, објави денеска весникот Марка.
Вкупниот износ распределен меѓу шпанските прволигашки клубови во минатата сезона изнесувал 1,29 милијарди евра, од кои Кралскиот клуб инкасирал 157,92 милиони.
На второто место е актуелниот шампион Барселона со 156,45 милиони евра, додека Атлетико Мадрид е на третото место со 108,17 милиони. Трите клубови единствените од Ла Лига кои заработиле повеќе од 100 милиони евра од телевизиски права минатата сезона.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1