Скопје
Прочистувачи за воздух за градинките во Општина Бутел
Општина Бутел обезбеди прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „11 Октомври“. Целта на оваа активност е подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и намалување на последиците од аерозагадувањето кај најмладите, објави градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски на неговиот Фејсбук профил.
-Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас, порача Костовски.
Прочистувачите се од реномирант германски производител и обезбедуваат воздух со највисоки медицински стандарди за децата во градинките
декември 23, 2025


