Култура
Детската новогодишна претстава „Поштарска бајка“ во велешкиот театар
Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес за своите најмлади гледачи ја подготви претставата „Поштарска бајка“, работена по текст на Карел Чапек, во режија на Александар Ивановски. Претставата за велешките деца денеска беше изведена првпат и ќе се прикажува во наредните денови до крајот на годинава, а е наменета за сите деца од велешките градинки и училишта кои ќе ја проследат организирано.
Како што информираат од велешкиот театар, преку игра, хумор и топлина, приказната нè води во светот на писмата што никогаш не стигнале до своите адреси, но во себе ги кријат најискрените човечки желби, соништа и тајни. Ова е бајка за комуникацијата, љубовта и надежта – и за тоа како секоја порака, дури и изгубена, може да го најде вистинскиот пат.
Во претставата настапуваат: Филип Христовски, Кире Ацевски, Славица Манаскова, Сандра Танчева, Исидор Јованоски и Талија Ѓорѓиева.
Драматизација и адаптација: Катерина Момева,Сценографија и дизајн: Филип Коруновски,Костими: Катерина Чукниева.
декември 23, 2025


