Кошарка
Ол стар Скопје 2025: „Светот“ ја победи „Македонија“
Во женскиот сегмент од „Собирот на сите ѕвезди“ кој денеска се одржува во СРЦ „Кале“ во Скопје, свој настап имаа најдобрите кошаркарки во сениорска конкуренција.
Поделени во два тима, „Македонија“ и „Свет“, одиграа доста динамичен натпревар во кој на крајот, победата им припадна, на условно кажано, гостинските кошаркарки. Со конечен резултат (91:79).
Ја имаа во својата екипа и најкорисната кошаркарка, Алексис Пул. Една од носителите на играта на екипата на Крива Паланка, која е лидер во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига. Пул го освои МВП трофејот.
Таа одигра одлично во овој ревијален меч и заврши со 27 поени (12/16 во обидите за два поени, и максимални 3/3 од линијата за слободни фрлања), дополнети со шест скока. Сето тоа заедно за индекс – 29, највисок помеѓу сите девојки кои се појавија на теренот.
Во паузата публиката во „Кале“ присуствуваше на натпреварување во шут за тројка.
Како најдобра се покажа кошаркарката на Баскет кам, Сара Максимовска, која во финалната пресметка беше подобра од Ива Чолакоска од екипата на Бадел 1862.
декември 22, 2025


