Connect with us

Скопје

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска им се приклучил на скопските бадникари на јужните падини на Водно, продолжувајќи ја традицијата на собирање дабови гранчиња во пресрет на Бадник.

Како што соопшти Општина Центар, првите гранчиња симболично ги пресекле бадникарскиот кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски, со што беше означен почетокот на бадникарските активности.

-Секоја година, овде на Водно, се собираме за да ги зачуваме и одбележиме македонските вековни обичаи. Општина Центар секогаш ќе биде покровител на настани што ја негуваат традицијата и духовните вредности, порачал Герасимовски.

На настанот, во организација на здружението „Одбор за традиционална прослава на Бадник“, граѓаните се почестиле со посна трпеза и во добро расположение испратиле пораки за здравје, среќа и благосостојба за празниците.

Собраните бадникови гранчиња, како симбол на сила, здравје и среќа, на 6 јануари ќе бидат споделени на верниците на централната прослава во Соборниот храм. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4