Забава
Божиќно пливање во Женевското Езеро
Изминатиот викенд се одржа традиционалното божиќно пливање во Женевското Езеро кое првпат било организирано во 1934 година, а УНЕСКО во 2023 година го впиша во листата на нематеријално културно наследство на Швајцарија.
Првите 3.700 учесници првиот ден од викендот влегоа во студените води на езерото, каде температурата изнесуваше нешто помалку од девет степени, пренесува Свисинфо (Swissinfo).
На манифестацијата учествуваа повеќе од 4.200 пливачи, јавија локалните медиуми.
Пливачите настапуваа во групи од околу 25 лица. Дел од учесниците носеа нуркачки одела, додека други ја испливаа делницата од 100 метри во тематски костими. Годинава, на најстариот спортски настан, за првпат учествуваа и олимписки пливачи. Покровители на манифестацијата Куп де ноел, (Coupe de Noël) се Шарлот Боне и Жереми Депланш, кои беа најавени и како учесници.
декември 22, 2025


