Connect with us

Фудбал

Алонсо по победата над Севилја: Реал може да игра подобро

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е задоволен во целост од играта на неговиот тим во победата над Севилја.

Реал синоќа на домашен терен славеше со 2:0 во 17. коло од шпанското фудбалско првенство.

– Ќе имаме време да размислиме каде сме. Денес беше натпревар што мораше да го добиеме. Знаеме дека сме способни да играме подобро и сакаме да играме подобро. Ја знаеме нашата ситуација, имаме одредени барања и елемент на самокритика што ќе ни овозможи да играме подобро. Знаеме дека не играме на нашето ниво и сакаме да се подобриме. Пред натпреварот прашавте што би било најважно, а најважно беше да победиме. Некои работи не одеа како што сакавме, во други аспекти бевме поблиску до посакуваниот резултат. Ги добивме нашите последни натпревари, а тоа ни овозможува да ја започнеме следната година со можност да се натпреваруваме за сите трофеи, го цитира „Марка“ Алонсо.

Реал Мадрид има 42 бода во 18 натпревари и е на второто место на табелата во Ла лига.

Прва е Барселона со 43 бода и натпревар помалку. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4