Connect with us

Општини

Со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“

Со благослови за радост, здравје, бериќет и добрамисла и со заедничка посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“. За прилепчани битно е што се одржуваат традициите, особено што се врати виткањето мали посни сарми со кои градот во 2008 година се запиша во Гинисовата книга на рекорди.

Прославата на градската слава и на светецот заштитник се одржа по 20-ти, јубилеен пат.

-Овој јубилеј ни дава уште поголем мотив да продолжиме да ја негуваме традицијата, меѓусебната почит и солидарноста, заедно да градиме и создаваме иднина за генерациите што доаѓаат по нас, не заборавајќи ги основните човечки вредности: почитта, дарувањето и грижата за другиот. Во тој дух продолжуваме да ги чуваме и негуваме локалните традиции и духовноста, градејќи го Прилеп како препознатлива и отворена дестинација, во која секој добронамерен гостин ќе има причина да не посети и одблиску да ја почувствува убавината и богатството на нашата вековна историја и традиција,порача Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп од пред Параклисот во центарот на градот каде се освети и се пресече славскиот колач.

Со утринската свечена литургија и осветувањето на славскиот колач чиноначалствуваше владиката Петар.

– Прославата на „Свети Никола“ е вистинска само нако се придржуваме на делата на светецот Николај кој беше заштитник на децата, морнарите, на сиромашните и даруваше постојано, рече владиката Петар.

Прилепчани сакаат да продолжи традицијата коа е во корените на опстојувањето. На денешната прослава на градската слава во центарот на Прилеп беше избран и новиот домаќин на прославата во 2026 година.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3