Connect with us

Општини

Новогодишни подароци за над 800 дечиња во Делчево

Во рамки на Новогодишната програма „Зимска приказна во Делчево 2025–2026“, која се реализира во период од 22 дена до Нова Година, денеска точно напладне во градскиот парк во Делчево пристигна најомилениот гостин на најмладите – Дедо Мраз. Со голема радост и нетрпение, дечињата го пречекаа Дедо Мраз, кој донесе празнична магија, насмевки и новогодишна атмосфера во срцето на градот, информираа од Општината.

Во рамки на настанот, Дедо Мраз подели новогодишни пакетчиња на учениците од прво до петто одделение од ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св. Климент Охридски“, како и на корисниците од Дневниот центар за лицата со посебни потреби – Делчево. Претходно, во празничен дух, новогодишни пакетчиња им беа доделени и на сите дечиња од детската градинка „Весели Цветови“, со што уште еднаш беше потврдена посветеноста на Општина Делчево кон најмладите сограѓани и инклузивноста во заедницата.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски кој рече дека во рамки на настанот од Општествено одговорни фирми обезбедени се над 800 подароци. Најави дека програмата продолжува и во наредниот период со уште побогати содржини.

-„Зимска приказна во Делчево 2025–2026“ продолжува и во наредните денови со богата културно-забавна програма, наменета за сите генерации, носејќи празничен дух, заедништво и радост во нашиот град.

Новогодишната програма е во организација на Општина Делчево, во соработка со училиштата во градот, ЈЛБ „Илинден“ Делчево, НУЦК „Н. Ј. Вапцаров“, како и со сите општествено одговорни фирми, компании и соработници кои на еден или друг начин придонесоа за реализација на овогодинешната новогодишна програма. подвлече Гоцевски.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1