Општини
Универзитетот на ЈИЕ : Oколу 60 проценти од студентите се вработуваат во прва година по дипломирањето, од Факултетот за технологии и 80 отсто
Високо рангирање, транспрарентноста и вработувањата на дипломираните студенти се трите показатели за перформансите кои во изминатата година ги реализира Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ). Ова беше истакнато на денешниот редовен брифинг на ректорската управа и ректорот проф. д-р Садудин Ибраими со новинарите за изминатата година.
-Прво, Меѓународниот QS ранкинг, односно Рангирањето 2025 покажуваат дека Универзитетот на Југоисточна Европа се рангира 126 во Јгоисточна Европа, трет во Северна Македонија и први меѓу универзитети со настава на албански јазик. Ова покажува успехот на Универзитетот на национално и на меѓународно ниво. Второ, Универзитетот на Југоисточна Европа е најтранспарентен универзитет во Северна Македонија. Според последното истражување на ФЕЧ 2025 овој резултат ја потврдува посветеноста кон одговорноста, доброто управување, отворената комуникација ја зајакнува довербата на студентите кадарот и јавноста. Трето, според извештајот за вработувањата, околу 60 проценти од студентите се вработуваат во прва година по дипломирањето, додека некои факултети како Факултет за технологии достигнуваат 80 проценти. Ова покажува дека образованието што го нудиме е тесно поврзано со пазарот на трудот и го подготвува студентот за успешна кариера, истакна ректорот проф. д-р Садудин Ибраими
На седум факултети додипломски студии во оваа академска година почнале 907 студенти, на постдипломски 222, докторски 39 или вкупно 1168 студенти. Заедно со 54 студентите кои се подготвителна година бројката достигнува 1222 луѓе. Според јазикот искажан при упис на албански јазик студираат 69,27 отсто, англиски 19,94 и на македонски јазик 10,78 отсто.
-Годинава УЈИЕ даде 350 стипендии или 45 повеќе од минатата академска година. Во текот на оваа година сме вклучени во 16 истражувачки проекти и три (3) апликативни проекти. Наставниот кадар учествувал во издавање на 257 научни публикации, информираше ректорот.
УЈИЕ во текот на 2025 година има потпишано 66 дговори со европски и регионални универзитети преку меѓуниверизитетски меморандми и Еразмус плус како и договорои за 20 грантови за размена на кадар.
декември 19, 2025


