Connect with us

Фудбал

Шкендија се пласираше во плејофот во Лигата на конференции

Шкендија му го донесе најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал, откако вечерва обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на конференции, и покрај поразот на гостински терен од кипарски АЕК во завршното шесто коло од групната фаза.

Актуелниот македонски шампион ја заврши групната фаза на 22. место на табелата, со седум бодови, што на крајот беше доволно да обезбеди продолжување напролет на својот настап во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Фудбалерите на Шкендија добро го започнаа натпреварот на гостувањето во Ларнака, одржувајќи го почетниот резултатот по првите 45 минути.

На почетокот на второто полувреме Љатифи беше исклучен поради груб прекршок, а предноста од фудбалер повеќе на теренот кипарскиот домаќин ја искористи во 83. минута кога со голот на Ангиелски обезбеди победа.

Жрепката за плејофот во која потенцијални противници на Шкендија ќе и бидат полски Лех Познањ или турски Самсунспорт, ќе се одржи на 16. јануари во Нион. Првите натпревари се на програмата на 19 февруари, а реваншите една недела подоцна.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3