Connect with us

Фудбал

Серија А го потврди дуелот Милан – Комо во Перт

Натпреварот од 24. коло во италијанското фудбалско првенство меѓу Милан и Комо ќе се игра на 8 февруари идната година во австралискиот град Перт, потврди денеска претседателот на Серија А, Енцо Симонели.

Натпреварот ќе биде прв во историјата на италијанската лига што ќе се игра во странство, а за судиите ќе бидат назначени арбитри од Азија.

„Милан – Комо ќе се одигра во Перт на 8 февруари. Имавме многу важен состанок со (претседателот на ФИФА) Џани Инфантино. Имаше услов да се потпреме на странски судии за натпреварот, но ние имаме голема доверба во италијанските судии. Тоа беше единствениот проблем во прифаќањето на оваа опција. Сепак, ни беше гарантирано дека задачата ќе им биде доделена на врвни азиски судии, што нè натера да прифатиме“, рече Симонели.

Стадиоонот „Џузепе Меаца“ на кој Милан ги игра своите домашни натпревари ќе биде зафатен на почетокот на февруари поради церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри 2026.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3