Општини
Перински: Од првиот јавен повик од унгарскиот заем од 288 проекти близу 50% се веќе реализирани, а во вториот за над 55% проекти веќе се склучени договори
Речиси 50 отсто од проектите од првиот јавен повик на Владата за искористување на средства од заемот од Унгарија веќе се реализирани, а склучени се договори со 55 проценти од проектите од вториот јавен повик на Владата, истакна денеска министерот за локалната самоуправа, Златко Пирински при посетата на Штип. Тој додаде дека општините и градоначалниците придонеле да се реализираат проекти, кои се од големо значење за нив, а се финансисрани од страна на државата, преку унгарскиот кредит.
-Од првиот јавен повик повеќе од 48 отсто се веќе реалзирани од оние 288 проекти, а во вториот јавен повик повеќе од 55 отсто проекти веќе се со склучен договор, што значи веќе се изведуваат на терен, така што многу е соодветна динамиката и градоначалниците го дадоа својот придонес, изјави Пирински.
Министерот за локалната самоуправа, Перински најави и дека од почетокот на 2026 година ќе се работи на мапирање со општините во делот на ажурирање на базите на даночни обврзници. Целиот трошок ќе биде на товар на државата.
-Детектирани слабости има најмногу во делот на човечкиот капацитет во рамки на општинската администрација и истото се нотира во извештаите на Европската комисија повеќе од десетина година. Главниот фокус ќе биде, покрај тоа што треба да испорача услуга, индиректно ќе треба да има знаење во делот на општинската администрација, рече Пирински.
Тој додаде дека за двата јавни повика се издвоени околу две милијарди денари, а се издвојуваат и дополнителни финансиски средства со што се нуди помош на општините за реализација на проекти.
декември 19, 2025


