Connect with us

Сервисни информации

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени – 4

Изутринава најстудено било во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови Анови 0, во Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Попова Шапка 1 степен и во Охрид 2 степени Целзиусови.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточните делови ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 8 степени

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4