Connect with us

Регион

Фиона Папајорѓи избрана за претседател на Уставниот суд на Албанија

Судијката Фиона Папајорѓи попладнево е избрана за прв човек на Уставниот суд на Албанија, со тригодишен мандат.

Одлуката, членовите на Уставниот суд ја донеле едногласно и истата ќе биде доставена до шефот на државата, претседателот на Собранието и првиот човек на Врховниот суд.

Папајорѓи (49) родена е во Валона, дипломирала во 2000 година на Правниот факултет на Универзитетот во Бари, Италија, а во 2012 година на истиот Универзитет го добила научниот степен „Доктор по правни науки“.

Во периодот 2000 – 2008 година ја извршувала професијата помошник адвокат, а потоа адвокат во адвокатски канцеларии во Бари. Во периодот 2009 – 2011 година работела како адвокат во Дирекцијата за истражување, студии и публикации при Уставниот суд на Албанија, каде од 2011 – 2019 година ја извршувала должноста правен советник. Од 2007 година е професор по јавно право на неколку универзитети.

Папајорѓи доаѓа на местото на Холта Зачај, чиј мандат заврши во март годинава. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2