Connect with us

Општини

Во Битола се слави патронот на градот Свети Нектариј Битолски

Општина Битола и Преспанско-пелагониската епархија со заеднички активности денеска го слават заштитникот Свети Нектариј Битолски (1430-1500), битолски светец прогласен за патрон на градот во 2007 година.

Свети Нектариј, чие крстено име му било Никола, е роден во Битола, митрополија на Охридската архиепископија. Во младоста живеел во родниот град, а последните години од животот ги минал на Света Гора, каде на 70-годишна возраст се упокоил на денешен ден во 1500 година. Неговите свети мошти почиваат во ќелијата во Света Гора.

Според востановената традиција, во храмот „Св. Димитрија“ во Битола ќе се служи Света божествена литургија, а на Широк Сокак ќе се одржи Литија со учество на верници од градот. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2