Општини
Универзитетот „Гоце Делчев“ и Фискалниот совет потпишаа меморандум за соработка
Во ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу УГД-Штип и Фискалниот совет. Ректорот на УГД-Штип Дејан Мираковски вели целта на денешниот настан е да се доближат практичните и реални проблеми кон студентите, со што ќе се приближат кон ново ниво на знаење. Мираковски додаде и дека се отвора нова перспектива и за студентите и за професорите.
-Меморандумот за соработка ќе помогне и во дело на магистерски и докторски тези, но и на студентите повеќе да бидат вклучени во пракса, а не само теорија, вели Мираковски.

Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети истакна дека Фискалниот совет има потпишано меморандуми за соработка со Македонската академија на науки и уметности, со Економски факултет при УКИМ, со Универзитетот на Југоисточна Европа и денеска со УГД Штип.
-Меморандумот за соработка ќе помогне и за подготовка на разни истражувања, анализи, а и во делот на магистерски и докторски тези да создаваме поширока теза во науката за независно и утврдување на состојбите, рече Беџети.
Според Марија Гогова Самоников, декан на Економскиот факултет при УГД Штип, со овој меморандум студентите ќе имаат огромна прилика да ги воочат незвисните прилики на Централната банка и Фискалниот совет.
декември 18, 2025


