Општини
Унгарскиот амбасадор Андраш Клајн во посета на Бигорскиот манастир, донираше 20 книжевни изданија
Во посета на Бигорската свештена обител, денеска престојуваше амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од својот соработник, Ерик Вангел.
Во оваа пригода, амбасадорот Клајн ѝ подари на Бигорската книгохранителница дваесетина вредни книжевни изданија, како донација од Министерството за надворешни работи на Унгарија.

– Со оваа благородна дарба нашата библиотека е збогатена со наслови посветени на унгарската историја, култура и црковно наследство, информираа од Бигорската свештена обидел.
Амбасадорот Андраш Клајн и неговиот соработник Вангел беа пречекани од архимандрит Доситеј и архимандрит Кирил кои им изразија искрена благодарност за вниманието, почитта и поддршката кон духовното и културното наследство што го чува и негува Бигорската обител.
– Оваа посета претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на културните и духовните врски меѓу народите, како и во унапредувањето на меѓусебното разбирање и соработка преку книгата и просветата, посочуваат од Бигорската свештена обител.
декември 18, 2025


