Connect with us

Култура

Отворена изложбата „Луминисцентни силуети – дијалог со шпанската авангарда“

Во Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје вчеравечер беше отворена изложбата „Луминисцентни силуети – дијалог со шпанската авангарда“. Изложбата е реализирана во соработка со скопската галерија „Акантус“ и претставува in situ уметничка инсталација на уметникот Антонио Пирковски, инспирирана од историјата на шпанската уметност и дизајн.

Под кураторство на модната теоретичарка Кристина Глигоровска, изложбата преку синтеза на светлина и текстил воспоставува дијалог со, но и ги деконструира, антологиските дела од шпанската историја на уметноста и модата. Меѓу референците се вбројуваат „Малите дворски дами“ на Диего Веласкез, како и легендарниот фустан „Коверт“ на Кристобал Баленсијага.

Изложбата свечено ја отвори Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје.

„Луминисцентни силуети – дијалог со шпанската авангарда“ ќе биде отворена за јавноста до 28 февруари 2026 година.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4