Connect with us

Општини

Новогодишни базари ќе се одржат во Гевгелија, Валандово и Босилово

Општините Гевгелија, Валандово и Босилово и годинава организираат новогодишни базари пред почетокот на новогодишните и божиќните празнувања.

Во Гевгелија базарот ќе се одржи од 24 до 31 декември на Градскиот плоштад и според информацијата од Општината програмата започнува со со Дедо Мраз и Детскиот музички фестивал „Калинкa 2025“. На 25 декември следува Face painting за деца, а наредниот ден ќе настапи Танцовото студио „Мистик“, додека на 27 декември DJ Razal Vetalj и DJ Licen со своите сетови ќе ја подигнат атмосферата.

На 28 декември настапува Ансамблот „Бојмија“, а на 29 и 30 декември следува шоуто на Кристијан Бенито, аниматор за деца и жонглер. Програмата ќе заврши на 31 декември со празнична музика која ќе трае цел ден.

-Посетителите ќе можат да разгледуваат штандови со рачни изработки, локални производи и слатки задоволства.Општина Гевгелија ги повикува граѓаните да се придружат и да го доживеат празничниот дух на базарот, стои во општинската информација.

На 22 декември почнува и традиционалниот новогодишен базар во Валандово, а деновиве Општината почнува со украсување на градот со сопствена опрема, која секоја година ќе се надополнува со нова.

Во Босилово, пак, новогодишниот базар ќе се одржи на 28 декември. Општината објави јавен повик до граѓаните кои сакаат да учествуваат на базарот да се пријават и да ги изложат и продаваат своите производи на посебно обезбедените штандови.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3