Connect with us

Култура

Националната библиотека „Кочо Рацин” – Тетово одбележува 80 години постоење

Со изложба и свечена академија, Националната библиотека „Кочо Рацин” – Тетово денеска и утре ќе го одбележи јубилејот, 80 години од основањето.

Изложбата „Библиотеката низ годините“ ќе биде отворена попладнево од 18 часот во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ и ќе трае три дена. Ќе го прикаже развојот на библиотеката од нејзините почетоци до денес. Ќе содржи стари и нови фотографии, документи за основањето на библиотеката, стари и ретки книги, како и материјали што ја прикажуваат улогата на библиотеката во образованието и културата. Исто така, ќе бидат прикажани технолошките промени и современите услуги, давајќи и визија за иднината на библиотеката.

-Од една единствена книга до денешниот богат фонд, библиотеката израсна генерации читатели и создаде жива култура на читање. Денес, таа ги отвора вратите кон дигиталната ера, како дел од платформата COBISS, преку едукативни програми и простори за младите, трансформирајќи се во центар на идеи и креативност. Библиотеката не е само место со книги, туку простор каде што зборот и знаењето ги поврзуваат генерациите, водејќи од сеќавањето на минатото кон иднината, информираат од библиотеката  „Кочо Рацин” – Тетово.

Свечена академија закаќа за утре е под мотото „Сведок на минатото, светилник на иднината“.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2