Connect with us

Фудбал

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез

Американскиот фудбалски првак Интер Мајами го продолжи договорот со напаѓачот Луис Суарез до крајот на сезоната 2026.

„Откако ја заврши историската сезона 2025, Суарез потпиша нов договор, негов втор со клубот. Огромното искуство и лидерските квалитети на напаѓачот одиграа одлучувачка улога во третата и четвртата титула на Интер Мајами – Лигата на шампионите во Источната конференција и МЛС Купот“, соопшти клубот од Мајами.

Уругвајскиот 38-годишен напаѓач му се приклучи на Интер Мајами во 2024 година. Минатата сезона запиша 50 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 голови и додаде исто толку асистенции.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4