Фудбал
Енрике по мечот со Фламенго: Ова е прв пат да видам голман да одбрани четири пенали
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, го пофали настапот на рускиот голман Матвеј Сафонов по победата над Фламенго синоќа во финалето на Интерконтиненталниот куп.
По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1. Во пенал серијата европскиот шампион беше поуспешен со 2:1, благодарение на Сафонов кој одбрани четири удари од 11 метри.
– Ова е прв пат да видам голман да одбрани четири пенали по ред. ние сме среќни што продолжуваме да освојуваме трофеи. ПСЖ ја заслужи оваа победа. Сега е време да го прославиме овој трофеј, да им честитаме на сите – на оние што играа и на оние што не – и да се радуваме за нашите навивачи. Сакаме да продолжиме да создаваме историја. Сега само треба да уживаме во овој момент, изјави Енрике за „Canal Supporters“.
Сафонов одбрани четири последователни пенали и беше прогласен за играч на натпреварот. Рускиот голман го освои својот шести трофеј со парискиот клуб.
декември 18, 2025


