Фудбал
Челзи против Арсенал или Кристал Палас во полуфиналето на Лига Купот, Сити ќе се соочи со Њукасл
Извршена е жррепката за полуфиналето на Англискиот Лига куп 2025/26.
Њукасл ќе се соочи со Манчестер сити во оваа фаза од натпреварувањето, додека Челзи ќе игра со Арсенал или Кристал Палас, кои ќе се сретнат во четвртфиналето во вторник, 23 декември.
Првите натпревари од полуфиналето ќе се играат на 12 јануари, а реваншите на 2 февруари.
Њукасл го освои Англискиот Лига куп минатата сезона, победувајќи го во финалето Ливерпул со 2:1.
декември 18, 2025


