Connect with us

Фудбал

Алонсо за тешката победа против третолигаш: Тоа се случува во купот

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, ги искажа впечатоците по синоќешната тешка победа (3:2) над Талавера во осминафиналето на Купот на кралот.

– Тоа се случува во купот. И нас и на други тимови се случуваат вакви нешта. При резултат 3:1 примивме гол па противникот почна да притиска. Добро го контролиравме првото полувреме, но не постигнавме трет гол, оставајќи го натпреварот отворен. Беше напнат натпревар. Возбудлив куп натпревар. Купот на кралот е посебен турнир. Ја постигнавме нашата цел и ќе видиме што ќе се случи следно. Ни недостасуваше она за што зборувавме – стабилност и поголема конзистентност во нашата игра. Треба да сме фокусирани до крај, бидејќи сè може да се случи, изјави Алонсо за „Фудбал Еспања“.

Противникот на Реал Мадрид во осминафиналето ќе биде одреден со ждрепка.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2