Connect with us

Општини

МЖСПП стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти  дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот на МЖСПП на кој што може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk.

Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да се гледаат во реално време. Новитет е тоа што истите се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 04 јули 2025 година.

Веб страната има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминувања на граничните вредности во тековната година како и годишни анализи за претходни години.

Исто така е пуштена и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитет на воздух за Андроид и iOS чии што линкови за превземање може да ги најдете на веб страната.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4