Кошарка
Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА
Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА.
Американецот ги предводеше стрелците во натпреварот против Јута (133:140 по продолжение), постигнувајќи 42 поени, седум скока и шест асистенции.
Флаг е првиот избор на НБА драфтот во 2025 година. Оваа сезона, тој има просек од 18,4 поени, 6,3 скока и 3,5 асистенции по натпревар.
Маверикс, со 10 победи во 27 натпревари, се наоѓаат на 12. место на табелата во Западната конференција.
декември 17, 2025


