Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје убедлив во градското дерби со Работнички

Во градското дерби, 169. по ред, МЗТ Скопје вечерва во СРЦ „Кале“ забележа убедлива победа против својот вечен ривал Работнички со 90:72.

Гостите од Аеродром доминираа во првото полувреме и двоцифрената предност ја зачуваа до крајот.

Во деветтата победа на МЗТ Скопје Аеродром во десет одиграни мечеви во „МТЕЛ“ Супер лигата, МекКејден го заврши дербито со 22 поени (четири скока и две асистенции), Војдан Стојановски имаше 18 поени (четири скока и две асистенции), Петков дојде до 17, а Магдевски до 12 поени (плус шест асистенции и пет скока).

Кај Работнички, кој сега е на половичен ефект (5-5), најефикасен беше Алстон со 20 поени, Наков имаше 17 (пет скока), Ефремовски 14 поени и два скока, а дабл-дабл ефект од 10 поени и 14 скока, имаше Рикиќ.

Резултати 10. коло од кошаркарската Супер лига:

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 72:90

Маџари – Феникс 85:80

Чаир – Ангели 103:79

Тиквеш – Пелистер 76:99

Гостивар – ТФТ 83:93

Кожув – МКК Куманово (играат вечерва).

Лидер на табелата е ТФТ со 19 бода, МЗТ Скопје има 18, Пелистер 17.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4