Connect with us

Култура

Одбележан Денот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија ја одржa својата годишна свеченост по повод Денот на Советот. Организираше настан посветен на хуманоста, солидарноста и заедништвото со присуство на претставници од организацијата „Сапорт Кочани“ се одржа во Белград.

Претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ ги прочита имињата на сите што учествуваа во хуманитарната акција која Советот ја организираше од март до мај оваа година, за поддршка на повредените Кочанчани кои се лекуваа во Белград.

Во официјалниот дел, симболични благодарници во форма на срца им беа врачени на претседателот на Македонскиот бизнис клуб Јане Честовалиев, како и на Кираца Трајковска и Бојан Глишовиќ, како претставници на сите луѓе кои со својата хуманост и поддршка беа дел од оваа акција.

Благодарница доби и малата Катја Василев, која во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ донираше свои книги и покажа дека хуманоста нема возраст.

-Овој настан уште еднаш потврди дека кога срцата се обединети, добрината прави чуда, а солидарноста создава трајни мостови меѓу луѓето, градовите и државите, наведува Македонскиот национален совет. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3