Connect with us

Општини

Новогодишно украсување во Тетово по пауза од неколку години

Со одлука на Советот на Општина Тетово, која вчера се одржала преку интернет конференциска врска, направени се измени во Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата во 2025 година со цел да се предвидат средства за новогодишно украсување на градот.  

Согласно оваа програма предвидени се еден милион и петстотини илјади денари или над 24 илјади евра за оваа намена.

-За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица, СДСМ. Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година, информираше претседателот на Советот, Јусуф Абдули, преку социјалните мрежи. 

На овој начин првпат по четири години Тетово ќе има новогодишно украсување, со оглед дека во првиот мандат на градоначалникот Биљал Касами тоа не беше правено.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1