Фудбал
Стигнаа први понуди за Салах
Мохамед Салах по ремито на Ливерпул со Лидс реши да проговори за неговата состојба и односот со менаџерот Арне Слот. Неговата изјава направи вистински хаос и сега се почесто се зборува за негово заминување од Енфилд.
Деновиве Салах не беше во составот и на дуелот од Лигата на шампионите со Интер и остана во Ливерпул, каде имаше средба и со поранешниот капитен на „црвените“ Џордан Хендерсон.
Дел од екипите од Саудиска Арабија веќе покажаа интерес за Салах, кој пак деновиве ќе замине на АФКОН каде ќе настапува за својата репрезентација – Египет. Покрај трите екипи на Саудиска Арабија и две САД го сакаат Салах во своите редови.
Еден од клубовите од Саудиска Арабија веќе доставил понуда до Салах со неделна плата од 2,85 милиони евра.
Салах по неделното коло и дуелот со Брајтон ќе го напушти Ливерпул за да замине на АФКОН, а дали повторно ќе го облече дресот на Ливерпул е неизвесно.
декември 13, 2025


