Фудбал
Слот ќе разговара со Салах за клупскиот статус
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, најави дека ќе разговара со Мохамед Салах (33) во текот на денешниот, а потоа ќе одлучи дали египетскиот напаѓач ќе биде во составот за саботниот натпревар со Брајтон на „Енфилд“.
„Денеска ќе разговарам со Салах и исходот од тој разговор ќе одреди како ќе изгледаат работите в сабота“, изјави Слот на прес-конференција.
Одговарајќи на новинарско прашање дали сака Салах да остане во клубот, Слот рече: „Немам причина да не го сторам тоа“.
Египетскиот фудбалер последен пат беше во составот на Ливерпул на 26 ноември, кога Ливерпул во поразот од 1-4 од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампиони. Салах потоа остана на клупата за резерви во два од трите натпревари од Премиер лигата и јавно проговори за својот статус во клубот минатиот викенд, по нерешениот резултат со Лидс. Салах тогаш рече дека се чувствува како жртвено јагне, односно дека клубот сака да го направи одговорен за лошите резултати оваа сезона.
Поради оваа изјава, тој беше изоставен и од тимот за натпреварот од Лигата на шампиони во вторникот против Интер во кој Ливерпул победи со 1-0.
Египетскиот голгетер е во Ливерпул од летото 2017 година и постигна 250 голови на 420 натпревари



