Connect with us

Општини

Прием на градоначалникот Коњановски за најдобрите просветни работници во Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски приреди прием за Наташа Тодоровска, наставничка во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и Аница Б. Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“ во Битола, просветните работници наградени од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека градоначалникот Коњановски на наградените им честитал за постигнатиот успех „Просветен работник на годината“ и ја потврдил поддршката на институциите од образованието во Битола.

-Наградите претставуваат чин на јавно признание, но и симбол на поширока заложба за градење општество кое активно ја поддржува и вреднува улогата на воспитувачите, наставниците и стручните соработници, истакна Коњановски на средбата со наградените просветни работници.
Општина Битола и во наредниот период ќе ја поддржи кампањата на Министерството за образование и наука, „Магијата е во знаењето“.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2